САД

Американската економија првпат по три години бележи пад од 0,3 проценти

01.05.2025 08:29

За разочарувачките податоци, Трамп го обвини својот претходник Бајден и побара повеќе време за да ги оправда своите политики. Уверува дека во земјата се најавени 2 трилиона долари нови инвестиции...

Американската економија првпат по три години бележи пад од 0,3 насто што е остро намалување по порастот од 2,4 проценти во изминатиот квартал, поттикнувајќи стравувања од рецесија во земјата. За разочарувачките податоци, Трамп го обвини својот претходник Бајден и побара повеќе време за да ги оправда своите политики. Уверува дека во земјата се најавени 2 трилиона долари нови инвестиции.

„Во однос на бројките за БДП, знаете тоа е економијата на Бајден бидејќи ние ја презедовме власта на 20 јануари. Мислам дека треба да ни дадете малку време за да се придвижиме напред“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.

Во своето прво обраќање откако ја напушти функцијата, поранешната потпретседателка Харис го обвини Трамп за големо напуштање на највисоките идеали на Америка, критикувајќи ги неговите царини како апсолутен хаос.

„Економската неизвесност што произлегува од царините, е најголемата економска криза предизвикана од човекот во модерната претседателска историја‘, рече Камала Харис, поранешна потпретседателка на САД.

Во истовреме, републиканците во Американскиот сенат успеаја да ја отфрлат демократската резолуција со која би се блокирале глобалните тарифи на Трамп.