САД и Украина го потпишаа договорот за ретки минерали
По неколкумесечни тензии и преговори, САД и Украина го потпишаа договорот за ретки минерали што ќе му даде на Вашингтон пристап до природните ресурси на Киев во замена за американската помош во одбивањето на руската инвазија...

По неколкумесечни тензии и преговори, САД и Украина го потпишаа договорот за ретки минерали што ќе му даде на Вашингтон пристап до природните ресурси на Киев во замена за американската помош во одбивањето на руската инвазија.
„Овој договор јасно ѝ сигнализира на Русија дека администрацијата на Трамп е посветена на мировен процес фокусиран кон слободна, суверена и просперитетна Украина на долг рок“, изјави Скот Бесент, секретар за финансии на САД.
Меѓу условите во договорот е дека целосната сопственост и контрола останува кај Украина-соопшти украинската министерка за економија.
„Сите ресурси на нашата територија и во територијалните води ѝ припаѓаат на Украина. Украинската држава е таа што одредува што и каде да се вади. Подземјето останува под украинска сопственост – ова е јасно утврдено во Договорот“, инфоримраше Свириденко на социјалните мрежи.
Договорот доаѓа во време на трговска војна на САД со Кина, од каде што се набавуваат 90% од моменталните светски залихи на ретки метали.
