Бројот на починати од Ебола надмина 1.000
12.08.2014 11:26
Најголем број случаи се од Либерија, по што следуваат Сиера Леоне и Гвинеја...

Бројот на починати во најтешката епидемија на Ебола до сега се искачи на 1013 лица, откако во три африкански држави во последните денови починаа уште 52-јца.
Најголем број случаи се од Либерија, по што следуваат Сиера Леоне и Гвинеја.
Во меѓувреме, американскиот претседател Обама и Државната агенција за храна и лекови на барање на либериската влада да се испрати примерок од експерименталниот лек против Ебола за лечење на либерискиот доктор заразен од вирусот.
