Ден на трудот

Со протестни маршеви низ светот се одбележува Меѓународниот ден на трудот

01.05.2025 08:47

Со протестни маршеви низ светот се одбележува 1-мај Меѓународниот ден на трудот во спомен на успехот на работниците и подигнување на свеста за нивните права...

Со протестни маршеви низ светот се одбележува 1-мај Меѓународниот ден на трудот во спомен на успехот на работниците и подигнување на свеста за нивните права. Во пресрет на празникот италијанската премиерка Мелони најави 650 милиони евра инвестиции за подобрување на безбедноста на работните места.

„Денес го посветуваме Денот на трудот на темата „Безбедност на работното место“ и сме посветени да направиме уште повеќе. Заедно со ИНАИЛ, изнајдовме уште 650 милиони евра за спроведување нови конкретни мерки за подобрување на безбедноста на работното место на над 1 милијарда и 200 милиони“, изјави италијанската премиерка, Џорџија Мелони.

Ден пред празникот, синдикатите во Аргентина одржаа протести против политиките за штедење на претседателот Милеи.