Индија го затвора воздушниот простор за пакистански авиокомпании
Индија до 23-ти мај го затвора воздушниот простор за пакистански авиокомпании откако Исламабад претходно поведе идентичен чекор против Њу Делхи по растечките тензии предизвикани по нападот во кашмир...

Индија до 23-ти мај го затвора воздушниот простор за пакистански авиокомпании откако Исламабад претходно поведе идентичен чекор против Њу Делхи по растечките тензии предизвикани по нападот во кашмир. По информациите за можен индиски одговор во наредните 36 часа и страв дека кризата може да доведе до разгорување на војната во целиот индиски потконтинент, од ООН со апел за деескалација.
„Генералниот секретаријат изрази својата длабока загриженост поради зголемените тензии меѓу Индија и Пакистан, нагласувајќи ја потребата да се избегне конфронтација што би можела да резултира со трагични последици. Генералниот секретар ги понуди своите добри служби за поддршка на какви било напори за деескалација“, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на ООН.
.
