Обвинителство

Истрагата за пожарот во Кочани треба да заврши во законски предвидениот рок

01.05.2025 08:50

Коцевски посочува дека на овој тежок и комплексен случај со 62 жртви работат 13 јавни обвинители...

Истрагата за пожарот во кочанската дискотека мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни, уверува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Посочува дека на овој тежок и комплексен случај со 62 жртви работат 13 јавни обвинители.

Проширување на истрагата со нови лица може да се очекува до последниот ден на истрагата.

Според податоците од Основното јавно обвинителство Кочани, досега вкупно 45 лица се опфатени со истражната постапка. 19 осомничени се со изречена мерка притвор, 13 се во куќен притвор со дополнителна мерка на претпазливост – забрана за комуникација, 12 се со определени мерки на претпазливост, едно осомничено лице е на лекување.