ЈСП
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
01.05.2025 09:11
По повод Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштуваат од ЈСП Скопје...

По повод Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштуваат од ЈСП Скопје.
Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.
Исто така, жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.
Од јавното сообраќајно претпријатие посочуваат дека работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември
