ЕКСПО 2025

Во Осака Национален ден на Македонија

01.05.2025 10:49

На македонскиот павилјон се промовираат културните, туристичките и економските потенцијали. Министерот за култура Љутков се сретна со синот на големиот јапонски архитект Кензо Танге кој ја посети изложбата посветена на архитектонската визија за Скопје на неговиот татко, што ги спојува нашите два народа...

Во Осака одбележан Националниот ден на Македонија на ЕКСПО 2025. На македонскиот павилјон се промовираат културните, туристичките и економските потенцијали. Министерот за култура Љутков се сретна со синот на големиот јапонски архитект Кензо Танге кој ја посети изложбата посветена на архитектонската визија за Скопје на неговиот татко, што ги спојува нашите два народа. И министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е во работна посета на Јапонија.

Анита Димитријевска - Велковска известува од Осака.