МВР

Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност

01.05.2025 12:00

Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ. На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници...

Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ. На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, соопштија од МВР.

При проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот.

За настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал Скопје.

По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.