Известувачите на Советот на Европа ја пофалија земјава, но алармираа за партизираното судство и општата корупција
Задоволни се од напредокот што го постигнала земјава, но двајцата коизвестувачи ги загрижуваат бројните обвинувања за политизација на судството и широко распространета корупција низ целиот јавен сектор“, како и поради „недостиг на ефикасни мерки за борба против овие феномени“...

Задоволни се од напредокот што го постигнала земјава, но двајцата коизвестувачи ги загрижуваат бројните обвинувања за политизација на судството и широко распространета корупција низ целиот јавен сектор“, како и поради „недостиг на ефикасни мерки за борба против овие феномени“
Коизвестувачите Арслан и О’Рајли оценуваат дека постои „итна потреба“ од реформа на изборната рамка во согласност со препораките ОДИХР, ОБСЕ и на Венецијанската комисија на Советот на Европа.
Ги повикаа сите политички чинители да придонесат за придвижување на евроинтеграцискиот пат.
„Целосно ја поддржуваме кандидатурата на земјата за членство во еу и ги повикуваме сите политички партии да најдат компромис за спроведување на „францускиот предлог“ со вклучување на бугарското етничко малцинство во уставот“, заклучуваат Арслан и О’Рајли.
Препорачуваат, поради својата мултиетничност, мултикултурализам и мултиконфесионализам земјава да продолжи да биде модел за другите земји во промовирањето на културата и менталитетот на „заедничко живеење“.
За време на посетата на земјава, коизвестувачите имаа средби со челниците и преставниците на извршната, законодавната и судската власт, како и на државните комисии и други тела.
Фиљана Кока
