МВР

Претрес во Дебар, пронајдени пиштол и муниција

01.05.2025 14:34

Вчера во 16 часот полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода С.Т.(39) од Дебар, соопштија од МВР...

Вчера во 16 часот полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода С.Т.(39) од Дебар, соопштија од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 милиметри, рамка со 10 куршуми калибар 7,65 милиметри и 46 други куршуми за пиштол, без никаква документација.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.