24.000 слободни места на државните универзитети
Најмногу има на најстариот и најголем Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, нашто повеќе од 10 илјади места...

На државните универзитети неделава ќе почне пријавувањето за додипломски студии, прв циклус студии во академската 2014-2015 година, во првиот уписен рок.
На петте државни универзитети за идните студенти има нешто повеќе од 24 илјади слободни места. Најмногу има на најстариот и најголем Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, нашто повеќе од 10 илјади места.
Резултатите од пријавувањето на сите државни универзитетит и успехот во средно образование ќе бидат објавени од 19-ти до 25-ти август,а запишувањето ќе биде од 25-ти до 29-ти овој месец.
Студентите во државната квота плаќаат по 200 евра или 100 евра на дисперзираните студии, а кофинансирањето и цената за вонредни студенти е 400 евра.
