мвр

Претрес во делчевско, пронајдена дрога

01.05.2025 20:36

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави...

Денеска во 00.10 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, при контрола на патничко возило „голф“, управувано од Ф.К.(20) од с. Звегор, делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Ф.К., поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени семки од канабис. Сопатникот К.В. (22) од с. Драмче, делчевско, самиот на полициските службеници им предал паковка со зелена растителна материја, по што е приведен. Во 09.30 часот, по добиена судска наредба за претрес на дом и помошни простории на Ф.К., извршен е претрес во објекти на две локации во с. Звегор, при што е пронајдена кафеава материја и дробилка.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.