Сообраќајќа на патот Штип- Плачковица, загина сопантик на моторциклист
12.08.2014 12:15
Според полицијата, несреќата се случила во близина на археолошкиот локалитет Баргала кога мотоциклистот што го управувал моторот марка „Јамаха“ изгубил контрола и излетал од патот...

Едно лице почина, а уште едно е тешко повредено во сообраќајната несреќа со мотоцикл што вчера доцна попладне се случила на регионалниот пат Штип-Плачковица.
Според полицијата, несреќата се случила во близина на археолошкиот локалитет Баргала кога мотоциклистот што го управувал моторот марка „Јамаха“ изгубил контрола и излетал од патот.
Од падот од мотоциклот загинал сопатникот од штипското село Козјак. Во сообраќајната несреќа немало други учесници.
Се утврдуваат причините за трагичниот настан.
