Ден на трудот

Работниците сè уште обесправени

01.05.2025 17:27

Лоши услови за работа, ниски плати. Злоупотреби со инвалидни лица, вработени без пензинско и инвалидско осигурување, враќање на средствата за регрес за годишен одмор, се забелешките на работниците. Без итни мерки градот кој и нема големи компании, за некоја година може да остане без кадар во сите дејности. Ќе продолжи иселувањето …

Недостоинствени плати, лоши работни услови, непочитување на колективните договори, работење без платено здравствено и пензиско осигурување, се дел од забелешките на работниците. Бројни се примерите за кршење на законите. До организациите во Куманово пристигаат пријави за злоупотреби со вработувања на лица со инвалидитет, но и за враќање на средствата за регрес за годишен одмор. Граѓаните на став, платите се ниски, условите лоши, а работниците несигурни.

Од организациите коишто нудат бесплатна правна помош, велат дека значаен дел од работниците и не ги знаат своите права. Укажуваат за случаи во кои им се даваат дури и отпусни решенија, без да добијат примерок за договорот.

„Работниците се обесправени се случува најмногу кај оние со одреден инвалидитет, да дојдат да се обратат, бидејќи се злоупотребува. Тие се неуки и една група која навистина не може да ги сфатат законските регулативи. Им се даваат отпусни решенија, не им се дава примерок од тоа што потпишале за раскин на договорот. Работниците често се принудени кога ќе го добијат според законот гарантираниот к-15 да ги на одреден начин вратат тие средства кај работодавачите“, вели Ашмет Елезовски, од Национален ромски центар.

Повикуваат на синдикално здружување, бидејќи само со силен глас ќе може да се очекува промена на минималната плата, но и остварување на работничките права, а на крај секако и подобри услови за самите работодавачи, државата.

Од организациите стравуваат дека доколку итно не се преземат мерки и не се подобрат работничките права ќе се соочиме со недостиг на кадар во сите дејности.

 

Елена Георгиевска