Битола: Апел, да не се пали скара во природа
Одбележувањето на „Денот на трудот“ е поводот битолчани да ги наполнат атрактивните излетнички места под Пелистер. Традицијата за масовно славење на 1 Мај во природа постепено се губи, но навиката за скара во природа останува...

Одбележувањето на „Денот на трудот“ е поводот битолчани да ги наполнат атрактивните излетнички места под Пелистер. Традицијата за масовно славење на 1 Мај во природа постепено се губи, но навиката за скара во природа останува.
Денот на работниците“ дел од населението го одбележаа во добро расположение со скара и музика во прегратките на „Баба“. Се чини дека не само што ја акумулираат, туку и знаат да ја почитуваат природата.
Со 1 Мај почна и излетничката сезона, а местата за одмор и рекреација подготвено ги чекаат посетителите.
Бидејќи сме во период на активно функционирање на крлежите од Центарот за јавно здравје апелираат за задолжителен самопреглед по престој во природа.
Ружица Ѓоршевска
