Таравари: Сè уште сме дел од владата и нормално е за локалните избори да разговараме со ВМРО-ДПМНЕ
Додека се ближат локалните избори, партиите со полна пареа ги прават политичките математики. По цврстиот став на Таравари и неговите сопартијци дека наесен сами ќе настапат со свои советнички листи и кандидати, во јавноста се отвора прашањето дали ќе ја бара поддршката од СДСМ? Таравари не открива за идните планови, за МТВ вели дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата со која коалицира во моментов...

Бревтање на предизборните разговори во политиката. Можни се сите комбинации, но засега никој не открива детали. Откако Таравари излезе од коалицијата со „Вреди“ сакајќи сам да настапи на локалните избори, а во меѓувреме разговарал и со лидерот на интегративците Али Ахмети. Во јавноста се наметнува прашањето, дали е можна соработка меѓу крилото на Таравари со социјал-демократите на Филипче, која за познавачите не е невозможна. Од Бихаќка велат, средба немало, засега. Ако се случи, ќе информираат.
Таравари за евентуална средба и коалицирање со Филипче за локалните избори, е барем засега со дециден одговор.
„Ние сè уште сме дел од владата и нормално е со ВМРО-ДПМНЕ да разговараме за локалните избори“, вели Таравари.
Аналитичарот Арсовски за МТВ вели, оваа варијанта на коалицирање меѓу Таравари и Филипче е сосема возможна да се случи
И додека се чека на разговорот меѓу Мицкоски и Таравари, ВМРО – ДПМНЕ коментира дека Филипче треба да си поднесе оставка, бидејќи води партија синоним на предавства, неспособност и криминал.
„Филипче го следи и е верна сенка на Заев, а од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени во регионот и светот. Филипче сака да дојде на власт за да биде ист како Заев, Филипче јавно им кажа на граѓаните дека е континуитет на политиките на Заев. затоа граѓаните не му веруваат и рејтингот на анкетите му е во слободен пад“, велат од партијата.
И додека сите комбинаторики се во игра, „Вреди“ ја тера сопствената агенда, без Таравари, преточувајќи се во една партија со единствени партиски тела.
Миле А. Ристески
