Ден на трудот

Првомајските протести низ светот одбележани со маршеви, демонстрации и судири со полицијата

02.05.2025 09:03

Најдраматично во Турција. Над 400 луѓе уапсени поради прекршување на забраната за јавни собири и намерата да стигнат до плоштадот Таксим. Тензично мина денот и во Франција...

Првомајските протести низ светот одбележани со маршеви, демонстрации и судири со полицијата. Најдраматично во Турција. Над 400 луѓе уапсени поради прекршување на забраната за јавни собири и намерата да стигнат до плоштадот Таксим, одразувајќи ги политичките тензии во земјата по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Имамоглу.

Тензично мина денот и во Франција. Полицајци се повредени, а неколку лица уапсени по судирите во Лион. Силите на редот употребија водени топови и солзавец да растераат група насилници кои се обиделе да оштетат продавници во близина на метро.