САД

Трамп го номинираше разрешениот советник за национална безбедност Мајк Волц за амбасадор во ОН

02.05.2025 09:25

Промените во Белата куќа доаѓаат по скандалот на апликацијата за шифрирани пораки „Сигнал“ во март, кога во разговорот за доверливите воени планови за напад на јеменските Хути, по грешка беше вклучен новинар...

Американскиот претседател Трамп го разреши советникот за национална безбедност Мајк Валц од функцијата и го номинира за амбасадор во ОН.

Промените во Белата куќа доаѓаат по скандалот на апликацијата за шифрирани пораки „Сигнал“ во март, кога во разговорот за доверливите воени планови за напад на јеменските Хути, по грешка беше вклучен новинар.

Местото на Валц, привремено ќе го замени државниот секретар Марко Рубио, кој воедно ќе ја задржи својата позиција во Стејт департментот-соопшти Трамп.

„Марко Рубио е неверојатенКога имам проблем, го повикувам и тој го решава“рече Трамп.

„Ова е човек кој носеше неколку функции од првиот ден во управувањето, некој којшто му е добро познат на претседателот, а тој прави совршени проценки за тоа кој ќе ја спроведе неговата агенда“, истакна Тами Бруспортпаролка на Стејт департментот.