Муцунски во работна посета на Јапонија
Шефот на дипломатијата на работни средби со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии, со претседателот на јапонската организација за надворешна трговија, Сусуму Катаока, како и со заменик-претседателот на јапонската Агенција за меѓународна соработка, Шохеи Хара...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е во работна посета на Јапонија. Шефот на дипломатијата на работни средби со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии, со претседателот на јапонската организација за надворешна трговија, Сусуму Катаока, како и со заменик-претседателот на јапонската Агенција за меѓународна соработка, Шохеи Хара.
На средбите се разговара за унапредување на билатералната соработка, со фокус на економските и трговските односи, размена на искуства во областа на развојната помош, како и актуелни регионални и глобални предизвици.
