Воен конфликт

Украина се надева дека договорот ќе помогне да се оконча војната, Зеленски задоволен

02.05.2025 10:09

Договорот за минерали го зацврстува партнерството на САД со Украина, но сепак останува на Москва и Киев да постигнат прекин на огнот-велат од Вашингтон. Украина се надева дека договорот ќе помогне да се оконча војната, Зеленски задоволен...

Договорот за минерали го зацврстува партнерството на САД со Украина, но сепак останува на Москва и Киев да постигнат прекин на огнот-велат од Вашингтон. Тврдат дека остануваат посветени да помогнат, но како што велат, нема да летаат по светот и да посредуваат состаноци кои се сега меѓу двете страни.

„Сега кога секоја страна ги знае условите на другата за мир, од нив ќе зависи да постигнат договор и да го запрат овој брутален конфликт. Се надевам дека и двајцата ќе се вразумат“, изјави американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс.

Украина се надева дека договорот ќе помогне да се оконча војната, Зеленски задоволен. Киев нема да му враќа никаков долг на САД, а профитот од првите 10 години ќе се реинвестира во Украина.

„Договорот не вклучува долг и се создава фонд за закрепнување, кој ќе инвестира во Украина и ќе заработува пари тука. Ова е соработка со Америка и под фер услови, кога и украинската држава и САД кои ни помагаат во одбраната, можат да заработуваат пари во партнерство“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Трамп вели дека САД од договорот теоретски добиваат многу повеќе од 350-те милијарди долари долг од Киев и дека можат да започнат со рударство. Нападите на фронтот продолжуваат.