„Репортери без граници“

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

02.05.2025 10:28

Годинава земјава се најде на 42 место, за разлика од минатиот извештај каде што беше на 36-то место...

Пад на Македонија за шест места во индексот на слобода на медиумите, покажува извештајот на „Репортери без граници“. Годинава земјава се најде на 42 место, за разлика од минатиот извештај каде што беше на 36-то место. Македонија е последна во групата земји од регионов каде што состојбата со медиумите е задоволителна.

Во оваа група од регионот сè уште, Словенија која напредувала за 9 места и е 33-та и Црна Гора која е погоре за 3 места и е 37-ма. Сите други се во групите со „проблематична“ или „тешка“ состојба.

Класификацијата на „Репортери без граници“ опфаќа 180 држави од цел свет. Норвешка е на прво место и останува единствената земја во светот која ужива „добра“ оценка за сите пет индикатори на индексот.