Филхармонија

Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

02.05.2025 20:37

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел..

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај во 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реномираниот грчки диригент Владимирос Симеонидис.

На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годишницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта „Галатеиа“.