ЦУК

Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала

02.05.2025 10:57

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие.

– Пожарникарите од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, вчера од 13.55 до 18.00 часот со 2 возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа и штала во селото Марчино која се запалила од оставен недогаснат оган од страна на излетници кои го имале запалено во дворот, информира ЦУК.

Заради ветер се разгорел и ја запалил околината, а потоа и шталата и куќата.