Израел изврши воздушни напади во близина на претседателската палата во Дамаск
Ова е втор напад неделава кој, како што вели премиерот Нетанјаху, треба да пренесе јасна порака до сирискиот режим дека Израел нема да дозволи сили да бидат испратени јужно од Дамаск или да претставуваат каква било закана за заедницата Друзи...

Израел изврши воздушни напади во близина на претседателската палата во Дамаск како одговор на насилството во Сирија врз малцинството Друзи во земјата-соопштија израелските одбранбени сили. Ова е втор напад неделава кој, како што вели премиерот Нетанјаху, треба да пренесе јасна порака до сирискиот режим дека Израел нема да дозволи сили да бидат испратени јужно од Дамаск или да претставуваат каква било закана за заедницата Друзи.
По соборувањето на Асад во декември, Израел зазеде територија на југозападот, вети дека ќе ги заштити Друзите, вршеше лобирање во Вашингтон за да ја задржи соседната држава слаба и уништи голем дел од тешкото вооружување на сириската војска во деновите по соборувањето.
