Вашингтон со сигнали до Пекинг за преговори за високите тарифи од двете страни
Вашингтон испратил сигнали до Пекинг за преговори за високите тарифи наметнати од двете страни. Пекинг прифаќа разговор, објави кинеското министерство за трговија. Претходно, Трамп изјави дека постои добра шанса за договор со Кина...

Вашингтон и Пекинг во обид за трговско помирување. Кина ги проценува предлозите испратени од администрацијата на американскиот претседател Трамп со кои се иницира почеток на преговори по заемното воведувањето високи тарифи за увоз. Кинеското Министерство за трговија преку соопштение цитирано на државната телевизија потврди дека го прифаќа предлогот за разговори со Вашингтон.
„САД неодамна презедоа иницијатива да достават информации до кинеската страна во неколку наврати преку релевантни страни, но Кина сака да нагласи дека во секој можен дијалог или разговори, доколку американската страна не ги исправи своите погрешни еднострани царински мерки, тоа ќе покаже дека САД се целосно неискрени и дополнително ќе ја поткопаат меѓусебната доверба меѓу двете страни“, изјави Тиан Лианг, водителка на државната телевизија „ЦЦТВ“.
Претходно, и претседателот Трамп уверуваше дека постои добра шанса за трговски договор со Кина. За потпретседателот Венс, посетувајќи фабрика за челик во Јужна Каролина го пофали Трамп дека 100-те дена неговата администрација значат почеток на индустриската ренесанса на САД.
„Лекцијата дека не смеете да станете зависни од странските противници, лекцијата дека мора сами да се справите со своите работи, тоа е лекцијата што администрацијата на Трамп за спроведе во првите 100 дена. Горди сме на вашата напорна работа. Горди сме што правите производите со американскиот челик“, изјави Џеј Ди Венс, потпретседател на САД.
Трговската војна меѓу САД и Кина ескалира откако администрацијата на Трамп воведување високи царини за увоз на кинески производи, по што Пекинг возврати со реципрочни тарифи. Во моментов Кина, третиот најголем трговски партнер на САД со соочува со царини од 145 проценти увоз на сите производи, а кинеските власти воведоа царини од 125 насто за увоз на американски производи, ограничување на извозот кон САД за ретките минерали и за увозот на голем број американски земјоделски производи.
Маја Стојанова
