Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени
Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени, сега е 57,7 отсто од бруто домашниот производ. Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Намалување има и на државниот долг кој изнесува 50,1 процент...

За 4,7 отсто е намален јавниот долг во првиот квартал од годинава, од 62,4 проценти од БДП на 57,7. Намалување бележи и државниот долг, сега изнесува 50,1 отсто, според податоците на Министерството за финансии. Ова е најниско ниво на долгот во последните пет години. Споредено со 2020-та јавниот долг е намален за 2 насто, а државниот за 0,7. Според премиерот Мицкоски, ова се јасни индикатори за стабилизирање на македонската економија. Најавува развој и реализација на стратешки цели.
Намалувањето на долгот се должи на мерките за фискална консолидација, намалувањето на непотребните трошоци и напорите за унапредување на економската активност, вели министерката за финансии Кочоска. Уверува дека реализацијата на инвестициите ќе донесе повисок раст и намалување на долгот. Како клучна цел на Владата и Министерството за финансии ги посочува подобрувањето на управувањето со јавните финансии и одржувањето на капиталните расходи.
Александра Велинова
