Почина шпанскиот свештеник заразен од ебола
12.08.2014 13:20
Заедно со Пајарес во Шпанија беше префрлена и калуѓерката Јулијана Бохи којашто им помагала на болните во Либерија, но испитувањата покажале дека таа не е заразена...
Прва жртва на смртоносниот вирус на ебола во Европа. Шпанскиот свештеник Мигел Пајарес почина во болница во Мадрид.
Заедно со Пајарес во Шпанија беше префрлена и калуѓерката Јулијана Бохи којашто им помагала на болните во Либерија, но испитувањата покажале дека таа не е заразена.
Бројот на починати во најтешката епидемија на ебола до сега се искачи на 1.013 лица.
Во меѓувреме, Америка дозволи да се испрати примерок од експерименталниот лек против ебола во Либерија за лечење на либерискиот доктор заразен од вирусот.
