Екологија

Излетнички места затрупани во смет

02.05.2025 16:12

Граѓаните честопати знаат да го вперат прстот во комуналните претпријатија, но одговорноста е на сите нас. Денеска на излетничките места каде што вчера се подготвуваа скари можат да се видат многу отпадоци.

Парковите полни со остатоци од храна, пластични шишиња, ќеси, а кантите за отпадоци околу нив празни. Ваква е сликата по први мај. Овој викенд еко-акција за чистење на водно – заедно до почиста природа.

Граѓаните велат за чист град потребни се поголеми казни. Потребна е поголема одговорност.

Општините во земјава пак, се подготвуваат за генералка.

Од 9 до 11 мај најмасовна екоакција низ сите општини во Македонија. Локациите може да се видат на интернет-страницата на „генералка викенд“.

Одговорноста ја преземаме сите. Токму затоа во оваа акција се вклучени граѓаните. Од деца во градинка до пензионери, како и институции и јавни администрации, велат организаторите.

Секоја година „генералка викенд“ придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од селекција и рециклирање на отпадот.

Ана Тодоровска