Политика

Мицкоски: Владината коалиција е одлична

02.05.2025 15:54

Одлуката на Арбен Таравари да ја напушти коалицијата „Вреди“ нема да влијае негативно врз Владата во периодот што следи. Се очекува средба меѓу премиерот Мицкоски и Таравари. „Европскиот фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори, истакна Ахмети...

Владината коалиција е одлична. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека случувањата во „Вреди“ нема да влијаат на стабилноста во владиното мнозинство. Одлуката на Арбен Таравари да ја напушти коалицијата „Вреди“ нема да влијае негативно врз Владата во периодот што следи. Се очекува средба меѓу премиерот Мицкоски и Таравари, по што ќе се знае иднината на Алијанса во владината коалиција.

Дали Таравари ќе остане во Владата и покрај тоа што не е дел од ВРЕДИ, Ахмети со став-тоа се внатрешни прашања што Таравари треба да ги менаџира.

Претседателот на ДУИ, Ахмети, истакна дека неговата партија и „Европскиот фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори кои треба да се одржат во октомври годинава. Во текот на неделава партијата ќе ги разгледани сите прашања.

Марина Стојанова Тонева