Локална самоуправа

Поднесени 900 апликации за реализација на проекти, учествувале сите општини

02.05.2025 17:08

Заврши вториот јавен повик на министерството за локална самоуправа. Сите општини поднесле речиси 900 проекти, а со првиот повик бројката се доближува до 1.200. Најголемиот дел се за патната инфраструктура. Околу 1.200 проекти чинат 20 милијарди денари …

Близу 1.200 проекти поднесле 80-те општини во двата јавни повици на министерството за локална самоуправа да користат средства од унгарскиот кредит за унапредување на живеењето на граѓаните, констатираат од министерството. Од првиот проект, 90 насто од 388 проекти се завршени.

Една од општините со повеќе проекти, 17, е Кавадарци

Од надлежното министерство проектите ги оценуваат како квалитетни и, главно ќе ги унапредат инфраструктурата, но и живеењето на граѓаните.

Близу 1.200 проекти ќе чинат околу 20 милијарди денари.

Елизабета Митреска