Инфраструктура
Започнува изградбата на новиот автопат Тетово- Гостивар
03.05.2025 09:09
Изградбата на автопатот Тетово- Гостивар ќе чини 90 милиони евра. Проектот за изградба на автопатот опфаќа и осум делници за поврзување на локалните патишта со новопроектираниот паралелен пат, и уште една за новата клучка во општините Боговиње и Врапчиште...

Денеска почнуваат градежните работи на новиот автопат од Тетово до Гостивар. За делницата од околу 25 километри ќе се потрошат 90 милиони евра.
Проектот за изградба на автопатот опфаќа и осум делници за поврзување на локалните патишта со новопроектираниот паралелен пат, и уште една за новата клучка во општините Боговиње и Врапчиште. На клучката за излез од Тетово ќе се користи постоечкиот надвозник.
На свечениот почеток на работите ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.
