Марш за ангелите

Семејствата и роднините на загинатите во трагедијата во Кочани повторно на протест

03.05.2025 09:23

Бараат одговорност за најголемата трагедија во историјата на Македонија, но и одговори до каде е истрагата.

Семејствата и роднините на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани на протестен марш за ангелите, во 12 и 5, симболично како задоцнета реакција на институциите. Бараат одговорност за најголемата трагедија во историјата на Македонија, но и одговори до каде е истрагата.

На протестот кој во вторникот се одржа во Скопје, дел од родителите разговараа со државниот обвинител Коцевски. Обвинителскиот тим ги уверил дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. Пред Собранието имаа средба со неколку пратеници, а во МВР имаа средба со Тошковски.

Јавниот обвинител Коцевски вели дека истрагата за Кочани мора да заврши до средината на јуни. Во пожарот на 16-ти март настрадаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.