Свет

Вучиќ на пат кон Белград, откако синоќа му се слошило при посетата на САД

03.05.2025 09:30

Претседателот на Србија нема да се појави на главните настани за кои дојде во САД, меѓу кои беше планирана и кратка средба со американскиот претседател Трамп.

Српскиот претседател Вучиќ е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош. По прегледот била донесена одлука тој да се врати во земјата, јавија српските медиуми.

Претседателот на Србија нема да се појави на главните настани за кои дојде во САД, меѓу кои беше планирана и кратка средба со американскиот претседател Трамп.

За што точно станува збор, од кабинетот на претседателот најавија дека ќе ја информира јавноста во наредните денови.

Во прашање е доведена и најавената посета на Вучиќ на Москва на 9-ти мај, за Денот на победата над фашизмот, иако претходно изјави дека во никој случај нема да се откаже од неа.