Израел изврши нови напади во близина на Дамаск
Едно лице загинало, а четворица се повредени. Израелската војска ги потврди нападите, велејќи дека цел била сириската воена инфраструктура, вклучувајќи командни пунктови и локации со оружје и опрема.

Израел доцна синоќа изврши нови воздушни напади во близина на сирискиот главен град Дамаск и градот Хама, објави сириската државна новинска агенција Сана, без да даде дополнителни детали.
Едно лице загинало, а четворица се повредени. Израелската војска ги потврди нападите, велејќи дека цел била сириската воена инфраструктура, вклучувајќи командни пунктови и локации со оружје и опрема.
Претходно Израел бомбардираше област во близина на претседателската палата во Дамаск, како најјасно предупредување досега до новата сириска влада, под изговор дека го поддржува сириското малцинство, Друзи.
