Руралните жени и девојки тешко ги остваруваат правата
Патријархалната средина, економската зависност влијаат руралните жени и земјоделки тешко да ги остваруваат своите семејни, работнички, здравствени права. Во Пелагонискиот регион се спроведува проект со бесплатна правна помош, едукација и подигнување на свеста во битката за својот глас за рамноправност…

Родовобазираното насилство, правата од социјален, здравствен и работен однос, особено за жените и девојките од руралните средини во пелагониско, и во 21 век остануваат табу теми. Патријархалната средина, финансиската зависност се големи пречки.
Пријавите за обесправеноста се ретки и речиси не добиваат епилог. Невладините почнаа со бесплатна правна и социјална помош што може да придонесат за подобрување на состојбите. Оспособени се и едукатори од школа за родова еднаквост за целиот Пелагониски регион.
Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ – зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“ почна лани и трае две години.
Елизабета Митреска
