Овоштарите од Преспа бараат побрза исплата на штетите
Од оваа временска неприлика, зафатена е цела територија на Преспа. На јавниот повик на Општина Ресен, за штета врз земјоделските насади поднесени се околу 2.400 барања, од вкупно 2.600 земјоделски стопанства...

Пролетниот априлски мраз кој повеќе од 100 часа ги држеше замрзнати овошките во преспанско, нанесе незапамтливи штети врз овоштарството. Родот на овошните насади во атарот на село Евла, на Лозевски Димитар кој цел живот се занимава со оваа дејност, и му е единствен извор на финансии за егзистенција е речиси 100 проценти уништен. Овоштарите бараат исплатата на штета да биде што поскоро, за да можат да продолжат со третирање и заштита на овошките за наредната година.
Од оваа временска неприлика, зафатена е цела територија на Преспа. На јавниот повик на Општина Ресен, за штета врз земјоделските насади поднесени се околу 2.400 барања, од вкупно 2.600 земјоделски стопанства. Практично сите активни земјоделци пријавиле штета.
Во преспанскиот регион околу 5.000 хектари површина е под овошни насади. Голема е загубата и за Преспа, но и за државата. Покрај тоа што се оштетени земјоделците, ниту државата нема да има приход од извозот на преспанското јаболко оваа година.
Александра Максимовска
