На 19-ти јуни подготвителна седница за Законот за јазици
Проценката на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски е дека конечната улога ќе биде донесена после локалните избори во октомври. Појаснува дека поради трагедијата во Кочани, судот еднаш ја одложи седницата, а неговите проценки се дека после локалните избори наесен веќе ќе има одлука на судот.

Подготвителната седница за законот за јазиците е закажана за 19-ти јуни. По неа ќе бидат потребни до два месеци да се подготви нов реферат и да се сублимираат сите мислења на учесниците.
Проценката на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски е дека конечната улога ќе биде донесена после локалните избори во октомври. Појаснува дека поради трагедијата во Кочани, судот еднаш ја одложи седницата, а неговите проценки се дека после локалните избори наесен веќе ќе има одлука на судот.
Костадиновски оценува дека во државата нема проблем со меѓуетничките односи, туку со нивната злоупотреба.
Имаме друг тип на проблем, а тоа е злоупотреба на меѓуетничките односи за политички цели. Ете тоа го сведочевме целиот изминат период и по постапувањето за „балансерот“ и Законот за јазиците, смета првиот човек на Уставен.
Според него, има еден уште поважен темел за стабилноста на нашата држава, а тоа е владеењето на правото.
Костадиновски со порака до граѓаните да бидат спокојни и да не веруваат на политичките манипулации, бидејќи Уставниот суд е тој кој го штити Уставот.
