Светски ден на слобода на медиумите

Без слободни и независни медиуми нема демократија

03.05.2025 15:26

На делник, викенд или на празник, на жега или студ – медиумските работници во служба на професијата за јавноста да биде информирана. На Светскиот ден испратена порака – без слободни и независни медиуми нема демократија…

Слободата на медиумите и кај нас и во светот сè уште под закана. Но, ние си ја продолжуваме мисијата да работиме за јавно добро, па екипите на јавниот сервис заминуваат на терен.

Извештајот на „Репортери без граници“ годинава покажа дека паднавме за шест места. Иако во окружувањето сме меѓу најдобрите, еснафските здруженија се загрижени поради нападите на новинарите, пред се онлајн, потоа „слеп“ тужбите како метод за заплашување, автоцензура, но и обесхрабрување за истражувачко новинарство, вели претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Во земјава медиумските работници се соочуваат со кршење на нивните социјални и работнички права.

Претседателката на Европскиот парламент, Мецола предупреди дека слободата на медиумите треба да се брани секој ден.

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен на мрежата „Х“ меѓу другото напиша дека слободата на медиумите секогаш ќе биде поддржана. Зашто покрај сè, понекогаш плаќаат многу висока цена.

Во 1993-та УНЕСКО го прогласи 3-ти мај за Светски ден на слободата на медиумите.

Фиљана Кока