Македонија

Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев

04.05.2025 08:58

Државни и партиски делегации, здруженија и граѓани ќе положат цвеќе пред неговиот гроб во црквата „Свети Спас“, а во Собранието ќе биде доделена државната награда за значајни остварувања во областа на науката.

Денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и идеолог, Гоце Делчев. Државни и партиски делегации, здруженија и граѓани ќе положат цвеќе пред неговиот гроб во црквата „Свети Спас“, а во Собранието ќе биде доделена државната награда за значајни остварувања во областа на науката.

Според најавите, во црквата „Св. Спас“ цвеќе ќе положат собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски во чиј состав се пратениците Велика Стојкова-Серафимовска, Сања Лукаревска и Павле Арсовски, владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во чиј состав се министрите за внатрешни работи и за образование и наука, Панче Тошковски и Весна Јаневска.

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4-ти мај 190-та година во селото Баница.

Останките на Делчев на 11-ти октомври 1946-та година од Софија беа пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.