До петок...
Шпанските медиуми најавуваат дека се поизвесно е нивниот најдобар тенисер и планетарен број два, Рафаел Надал да биде вон натпреварите и на УС Опен.
Надал се уште ја нема санирано повредата на зглобот на десната рака, па затоа и не сака да влегува во ризик. Шпанецот, кој минатата година ја заврши на местото број еден на АТП поредокот, се чини по ваквиот исход на настаните годинава таа привилегија ќе ја нема.

Имено, тој од елиминацијата на Вимблдон нема одиграно ниту еден меч, а ги пропушти и двата мастерси од серијата 1000, во Торонто и тековниот во Синсинати. На обата турнири требаше да го брани тронот, а иста би била и ситуацијата на американскиот грен слем. Тоа пак, значи дека со неговата апстиненција од истите губи значен број бодови што го одалечуваат поприлично од моменталниот лидер на АТП, Новак Ѓоковиќ.
Конечната одлука, ќе биде или не, Рафа во Њу Јорк ќе биде обелоденета во петок.