Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион
Од Меѓународниот аеродром Скопје стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. На релацијата Скопје - Барселона - Скопје, „Виз ер“ ќе лета секој вторник и сабота, додека летовите до Лион ќе се одвиваат три пати неделно, секој вторник, четврток и сабота...

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на новововедените линии Барселона - Скопје и Лион - Скопје. Тие се дел од владината полтикика за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии и нови дестинации за граѓаните, објави преку социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„Со новите летови кои што Владата ги обезбеди, придонесуваме да се зголеми бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром. Со директните летови од Шпанија -Барселона и Франција-Лион, секако дека многу ќе придонесеме во оваа насока. Политикита на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги дава првите резултати. За неколку месеци имаме десет нови дестинации од двата аеродроми. Ветувам уште многу нови дестинации, уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, многу повеќе туристи, повеќе можности за размена, многу повеќе луѓе кои ќе доаѓаат за бизнис во Македонија и уште многу повеќе луѓе кои што ќе патуваат“, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
