Трка „по патеките на оризот“, во чест на настраданите
Родители, спортисти, граѓани на Кочани со велосипедска трка насловена по патеките на оризот, одадоа почит на настраданите во најголемата трагедија во историјата на Македонија. Педесет дена од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“, Кочани продолжува да тагува, но се надеваат на правда.

Педесет дена од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Градот продолжува да тагува. Тишина и молк. На иницијатива на родителите се одржа велосипедска трка насловена „по патеките на оризот“ а во чест на настраданите. Речиси 300 учесници, родители, спортисти, граѓани возеа во чест на загинатите 62 лица. Прашаа дали треба да се случат вакви трагедии за да се сплотат. Ќе продолжат да бараат одговорност и правда.
Учесниците на трката но и граѓаните потврдија дека Кочани веќе не е ист град. Продолжуваат да тагуваат но и очекуваат правда.
Трката се реализираше во соработка со Општина Кочани, полициската станица, противпожарната единица, доброволното друштво, црвениот крст и здравствениот дом.
Велосипедската трката започна од Паркот на револуција, учесниците се движеа до дискотеката „Пулс“, каде се одаде едноминутна почит на загинатите, по што повторно се вратија во паркот.
Во пожарот на 16-ти март настрадаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. Истрагата продолжува, работи тим од 13 јавни обвинители. Државниот обвинител Коцевски очекува истрагата да заврши до средината на јуни.
Елена Георгиевска
