Регион

Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска

04.05.2025 15:00

До несреќата дошло откако автомобилот се судрил со срна која излетала на автопатот, а двокатниот автобус налетал на возилото и не можел да запре навреме. Повредените се пренесени во Загреб, Сисак и Пакрац. Петмина се во тешка состојба и ќе бидат оперирани.

Двајца загинаа, 31 лице се повредени и хоспитализирани во три хрватски градови откако патнички автобус и автомобил со босански регистрации се судрија рано изутринава на автопат во Славонија, Источна Хрватска.

До несреќата дошло откако автомобилот се судрил со срна која излетала на автопатот, а двокатниот автобус налетал на возилото и не можел да запре навреме. Повредените се пренесени во Загреб, Сисак и Пакрац. Петмина се во тешка состојба и ќе бидат оперирани.

Поради несреќата на автопатот се направи километарска колона.