Македонија го чествува великанот, одбележани 122 години од загинувањето на Гоце Делчев
Македонија го чествува великанот. Одбележани 112 години од смртта на големиот револуционер, идеолог и учител Гоце Делчев. На неговото вечно почивалиште во црквата „Свети Спас“ во Скопје отслужен помен. Испратена порака дека делата на човекот, кој пред повеќе од еден век го разбираше светот како поле за културен натпревар на народите, продолжуваат да живеат…

Одбележани 122 години од загинувањето на македонскиот револуционер и борец за слободна Македонија, Гоце Делчев. Делото на Гоце Делчев и по повеќе од еден век од неговото загинување е потсетник на жртвите на нашите предци за самостојна македонска држава.
Државниот врв, партии, граѓани положија цвеќе и му оддадоа почит на големиот револуционер, идолот и учител кој светот го разбираше како поле за културен натпревар меѓу народите.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан отслужи панихида на неговото вечно почивалиште во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека Гоце Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина.
Премиерот Мицкоски, кој ја предводеше владината делегација на гробот на Делчев, укажа дека оваа генерација политичари има обврска да го зачува делото на Гоце како што е вистина, а не искривено како што било во минатите години.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче рече дека пораките на Делчев денес се поактуелни од кога било порано и оти како општество имаме многу работа пред нас.
Вечното почивалиште на Гоце Делчев го посетија голем број граѓани.
Ирина Гелевска
