Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик
Свои обраќања на свечената академија ќе имаат и претседателот на МАНУ Живко Попов, министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и претседателката на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, којашто под нејзино покровителство ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со почеток во 12:00 часот.
Свои обраќања на свечената академија ќе имаат и претседателот на МАНУ Живко Попов, министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и претседателката на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска.
На овој значаен настан ќе присуствуваат македонисти, професори, академици, пратеници, министри, претставници на верските заедници и претставници на дипломатскиот кор.
На свеченоста ќе настапи камерниот женски хор „Св. Злата Мегленска“ и ќе биде поставена изложбата „Азбука“ на македонскиот академски сликар Сергеј Андреевски.
Вашата интернет адреса е на листата за известување на Кабинетот на Претседателот. Доколку пораката ја добивте по грешка, или пак доколку во иднина не сакате да добивате известувања од Кабинетот на Претседателот, Ве молиме да испратите порака на оваа адреса.
