Политика

Денеска средба Мицкоски-Таравари

05.05.2025 08:33

Денеска тет-а-тет средба Мицкоски-Таравари. Премиерот од него ќе бара јасен одговор дали е точно дека има договор со лидерот на ДУИ за локалните избори...

Денеска тет-а-тет средба Мицкоски-Таравари. Премиерот од него ќе бара јасен одговор дали е точно дека има договор со лидерот на ДУИ за локалните избори.

„На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулирам имињата, каде што тој ќе извади кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалници што прво значи себепонижување, како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо“, изјави вчера премиерот Мицкоски.

Да гледаме во иднината, не во минатото, одговори Мицкоски на заканите од Ахмети. Го повика наместо да излегува на улица, да си ја реформира партијата.

Алијансата за Албанците предводена од Таравари реши на претстојните локални избори да настапи со свои листи за советници. По оваа одлука, неговите коалициски партнери во ВРЕДИ одлучија Коалицијата да стане партија, но без Алијанса, а Таравари го обвинија за контакти со опозициската ДУИ.