Собрание

Седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика

05.05.2025 08:33

Денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, во чии рамки ќе биде разгледан новиот Закон за енергетика, кој е во второ читање. Овој Предлог-закон е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, во чии рамки ќе биде разгледан новиот Закон за енергетика, кој е во второ читање. Овој Предлог-закон е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Според министерката Божиновска и според претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, најголем предизвик во следниот период ќе биде изработката и усвојувањето на подзаконските акти и регулативи.

Во македонското Собрание, денеска ќе се одржи и консултативна дебата на тема „Ситуацијата на децата и адолесцентите во Северна Македонија“ на која воведни излагања ќе имаат Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во земјава. На дебатата ќе бидат презентирани клучните наоди од Анализата на УНИЦЕФ за ситуацијата на децата и адолесцентите.