Листерија: АХВ утре ќе ги објави финалните резултати од анализата

12.08.2014 14:54

До Агенцијата за храна и ветеринарство, досега се пристигнати комплетните резултати од извршените испитувања на мострите во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина, како и дел од резултатите од анализираните мостри во Институтот за јавно здравје.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најави дека финалните резултати од суперанализата за утврдување на евентуално присуство на листерија ќе бидат објавени по комплетирање на резултатите од лабораториските испитувања, кое е најавено за утре.

„Во врска со минатонеделните активности поврзани со контролите во месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово, како резултат на известувањето од Министерството за здравство за детектирано присуство на Listeria monocytogenes во производ сечкан свински врат земено од малопродажен објект во Гевгелија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на законските надлежности зедоа мостри за лабораториско испитување од спорните лотови од производот сечкан свински врат, од работните површини, машините и од сите други места во погонот на оваа компанија, за утврдување на евентуално присуство на листерија“, стои во соопштението.

До Агенцијата за храна и ветеринарство, досега се пристигнати комплетните резултати од извршените испитувања на мострите во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина, како и дел од резултатите од анализираните мостри во Институтот за јавно здравје.

По комплетирање на резултатите од лабораториските испитувања најавено за утре, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги објави финалните резултати.