Кандидатот на Алијанса за обединување на Романците, Џорџе Симион води во првиот круг на претседателските избори
Џорџе Симион-опозицискиот кандидат од крајната десница и градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан одат во вториот круг од претседателските избори во Романија...

Џорџе Симион-опозицискиот кандидат од крајната десница и градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан одат во вториот круг од претседателските избори во Романија. Според централната изборна комисија, Симион освои над 40 насто од гласовите, додека Дан во тесна трка со Антонеску успеа да го освои второто место. Вториот круг од изборите е закажан за 18-ти мај.
„Денес романскиот народ гласаше, денес романскиот народ проговори и време е да биде слушнат. Романците се кренаа против сите пречки, манипулации и против медиумите платени да нè деградираат“, изјави Џорџ Симион, лидер на партијата Алијансата за единство на Романците.
„Демократијата е за заедниците со нивните проблеми и аспирации и би сакал да им честитам на заедниците на моите контракандидати за дебатите што ги иницираа претежно на социјалните мрежи, кои беа попродуктивни од дебатата што ние политичарите можевме да ја произведеме. Имаме долг пат пред себе додека не ги достигнеме аспирациите на заедниците што сакаме да ги претставуваме“, истакна Никусор Дан, градоначалник на Букурешт.
